Поплави во Мозамбик, властите спроведуваат евакуација на 55 илјади лица

Од:

Властите на Мозамбик почнаа денеска со итна евакуација на населението во јужните области, кои се погодени од поплави и каде 55 илјади лица се во опасност поради зголемувањето на водостојот.

– Им наложуваме на луѓето да преминат во побезбедните области. Според нашите проценки загрозени се 55 илјади лица, изјави портпаролот на Службата за вонредни состојби Рита Алмеида.

Спасувачките екипи веќе се распоредени во погодените области, а испратени се и моторни чамци, со кои жителите би се превезле до безбедните региони, каде ќе бидат сместени во десет привремени прифатилишта.

Во јужните и централните делови на јужноафриканската држава е издадено црвено предупредување, откако беа погодени од најпоројните дождови од 2000 година, кога во поплавите загинаа 800 лица. Од почетокот на дождовната сезона во октомври во поплавите веќе загинале 35 лица, а нивото на водата во осум големи реки е над кризната вредност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи