Изложба на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде поставена изложба за истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.

Целта на истражувачкиот проект, раководен од Фросина Зафировска, кустос советник, е документирање, проучување и претставување на истакнати примери на архитектонското творештво од периодот на Модерната, значајни за урбаниот развој на градот Скопје.

Изложбената поставка е составена од макети, како и од пратечки графички и фотографски материјали.

Проектот ќе биде претставен и во печатена публикација со архивски, документарен и аналитички графички материјал за триесетина изградени примери на архитектонската типологија на висококатници изградени во Скопје во 20. век.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и град Скопје.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом