Грција денеска гласа

Од:

Грција денеска повторно гласа. Ова, велат сите, се исклучително значајн и избори. За два месеца, повторно се оди на избори, бидејќи по мајското изјаснување, никој не успеа да состави влада.

Најсериозни кандидати, според анкетите се „Нова демократија“ и Радикалната левичарска „Сириза“.
Самарас, ветува дека Грција ќе остане во евро-зоната, а Ципрас се заканува дека ќе го раскине договорот со меѓународните кредитори околу мерките за штедење.

Околу 9,9 милиони граѓани со право на глас, ќе ја одредат судбината и иднината на Грција.
Според последните испитувања на јавното мнение во Грција, левичарската радикална групација „Сириза“ е речиси изедначена со десноцентристичката конзервативна „Нова демократија“.

„Доколку победи радикалната десница, што не може да се исклучи, последиците за монетарната унија се непредвидливи”, изјави Жан-Клод Јункер, претседател на еврогрупата, односно групата министри за финансии на земјите членки на еврозоната.

„Ќе мора да разговараме со која и да е влада. Јас само можам да предупредам да не ја напуштаат монетарната унија, внатрешната кохезија не еврозоната би била доведена во опасност”, рече Јункер.
Во Грција е неопходно да биде формирана проевропска влада, изјави поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во интервју за британскиот весник „Гардијан“.

„Посакувам победа на проевропските партии, кои можат да формираат стабилна коалиција, а потоа да видат како ги подобрат рестриктивните мерки“, истакна Папандреу.

Огромен е интересот за текот и исходот од гласањето и од политичарите и од експертите и од медиумите.
Првичните резултати се очекуваат околу 21 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он