Чувар во анкарскиот затвор Синџан денеска усмрти тројца свои колеги. Во инцидентот повредена е и една жена.
Нападот се случил во службениот автобус, кога затворскиот чувар Емре Енлок отворил оган и убил тројца свои колеги. Сопругата на еден од загинатите е тешко повредена.
Мотивите за нападот не се соопштуват, а напаѓачот е притворен.