Двајца Јапонци ограбени на локалниот пат Катланово-Брезница

Од:

Двајца Јапонци се ограбени вчера додека со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, соопшти МВР.

Во СВР-Скопје вчера околу15:00 часот е пријавено дека на локалниот пат од Катланово кон Брезница на Јапонците Ш.К.(54) и Х.К (48), кои се движеле со велосипеди им се приближило патничко моторно возило „Форд“.

Три непознати лица излегле од возилото и физички ги нападнале, ги турнале од велосипедите и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма