Денеска ширум светот, по повод празникот на трудот се одржуваат протестни маршеви. Во некои земји властите ги ограничија активностите на демонстрантите, што предизвика немири и апсења.
Турција
Полицијата во Истанбул уапси повеќе од десетина демонстранти кои тргнаа во марш кон главниот градски плоштад Таксим, без оглед што имаше забрана за тоа.
Во Турција, од безбедносни причини е забранет пристапот на овој плоштад, па сите патишта кои водат кон Таксим се блокирани, а полицијата дозволи само мали групи претставници на синдикатите да положат венец на споменикот.
Меѓутоа група од околу 25 луѓе, извикувајќи „Без забрана на Таксим за 1 Мај“, се обиде насила да дојде до плоштадот, но набрзо беше опколена од полицијата.
Плоштадот Таксим има симболичко значење за работничкото движење во таа земја. Во 1977 година 34 луѓе беа убиени на тој плоштад за време на обележувањето на празникот, кога на насобраните беа испукани куршуми од зградите во близина.
Филипини
Илјадници филипински работници и активисти маршираа по повод празникот на трудот, а во знак на протест поради неисполнетите предизборни ветувања на претседателот Дутерте дека ќе стави крај на краткорочните договори за вработување.
Јужна Кореја
Во центарот на Сеул се собраа илјадници членови на работничките синдикати барајќи зголемување на минималната заработувачка и доделување на статус регуларно вработени на сите нерегуларно вработени работници, како и рамноправен третман. Според проценките на полицијата се собрале околу 10 илјади луѓе.
Индонезија
По повод 1 Мај и во Индонезија 10 илјади работници од различни области се собраа денеска во близина на претседателската палата во Џакарта за да ги изнесе своите барања, како зголемување на платите и стопирање на вработувањето странци.
Камбоџа
Во Пном Пен се собраа околу две илјади работници организирани од синдикалната коалиција.
Демонстрантите планираа марш до националното собрание за да ги повикаат пратениците за да им помогнат во решавањето на проблемите, но беа запрени од полицијата
Шри Ланка
Владата на Шри Ланка ги повика политичките партии и работничките синдикати да не организираат протести за Први мај, на барање на будистичките монаси, поради прославата во рамките на будистичкиот фестивал Весак. Собирите се одложени за 7. мај.
Русија
Околу 130 илјади луѓе, денеска, по повод 1 Мај, се собраа во центарот на Москва, соопшти прес-службата на руското МВР.
Протести се одржуваат ширум Русија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин го предводеше маршот на синдикатите на Црвениот плоштад, ветувајќи дека ќе стори се за да го подобри животниот стандард на граѓаните.
Грција
Илјадници Грци протестираа денеска во центарот на Атина во три одделни собири по повод празникот. Музеите беа затворени, а траектите останаа на пристаништата. Јавниот сообраќај се одвиваше редуцирано.
Шпанија
Истовремено во повеќе од 70 градови ширум Шпанија се одржани протести по повод празникот, на кои се повикуваше на еднаквост меѓу половите, поголема плата и пензија.
Демонстрациите во Мадрид беа најголеми.
Франција