Гонзалес: Горд сум на моите играчи

Од:

Тренерот на Вардар, Раул Гонзлаес, го однесе својот клуб втор пат по ред на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Вардар денеска загуби од Кил (27:28), но оди во полуфиналето поради победата во Германија (29:28).

Како што предвиде Шпанецот, Кил се покажа дека има сили за победа во Скопје, но за среќа недоволна да го елиминира македонскиот и актуелен европски шампион.

– Игравме под притисок, но со големата поддршка од трибините успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Кил играше одлично, горд сум на моите играчи и поради тоа што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4-турнирот во Келн. Ќе одмориме малку, а потоа ќе можеме да се подготвуваме за она што ни претстои во Келн. Вардар е шампион и треба да ја брани титулата во Келн. Сепак, мораме да бидеме добро подготвени. Таму нема да има фаворити туку ќе мора да се прикаже најдоброто за да се обезбеди победа, изјави Раул на прес конференцијата по натпреварот со Кил.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска