Турски возач обвинет за убиство на курдските активистки во Париз

Од:

Турски државјанин кој работел како возач на една од трите курдски активистки, кои беа убиени на почетокот на овој месец во Париз, е обвинет за учество во овој злочин, соопшти францускиот обвинител.

Обвинетиот бил возач на политички најистакнатата од трите жртви, жената која учествувала во формирањето на Курдистанската работничка партија, и борец за автономија на регионот.

Обвинителот Франсоа Молен денеска изјави дека постојат “сериозни докази” дека осомничениот одиграл одредена улога во убиствата на 10-ти јануари, пренесе АП.

На тој ден, трите жени, од кои едната беше ко-основач на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) 55-годишната Шакина Џансиз, беа пронајдени мртви во еден курдски центар во Париз.

Телата на курдските активистки беа пронајдени еден ден откако турскиот печат објави дека Анкара постигнала со водачот на ПКК, Абдула Оџалан, кој е во затвор, договор за ставање крај на три деценискиот бунт со цел добивање самоуправување во областа претежно населена со Курди, во која се убиени повеќе од 45.000 луѓе.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган претпоставува дека убиствата на курдските активистки веројатно е резултат на внатрешните несогласувања меѓу курдските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски