Во Стопанска комора денеска ќе се одржи обука „Иновациска политика и евалуација“ наменета за граѓанските организации кои дејствуваат во полето на преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика.
Обуката е организирана од Фондација за Претприемачки сервис за млади, а ќе ја водат д-р Алеш Липник, експерт за иновациска политика од Словенија, директор на Центарот за развој и трансфер на знаење, Универзитет Приморска, Словенија, и м-р Катарина Кречева, експерт по иновациски и образовни развојни политики, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој како советник за развој на програми.
Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.