Довициозо го отфрлил предлогот на Дукати за нов договор

Од:

Лидерот во МотоГП и претендент за титулата во 2018-та година, Андреа Довициозо ја отфрлил првата понуда за нов договор од тимот на Дукати, открива „АутоСпорт“. Италијанецот е пилот на тимот од 2013 година, а на крајот од 2018 година истекува неговиот тековен договор.

По исклучително успешната кампања за Дови во 2017-та, сепак, тој сака многу добри услови за наредните две години.

Тимскиот менаџер Давиде Тардоци претходно во април изјави дека преговорите се одвиваат добро, но агентот на пилотот не е на исто мислење.

– Прилично сме далеку. Имавме средба, но мислевме дека Андреа нема да се чувствува доволно удобно со овие услови. Тој не сака нешто чудно или невозможно, само она што го заслужува. Во моментов не сме блиску до договор, изјави тој.

Иако 32-годишниот Довициозо преговара со Хонда и Сузуки, сепак, се очекува да постигне консензус со неговиот сегашен тим.

Пилотот води на табелата со бод предност во однос на светскиот шампион Марк Маркез од Хонда, но освен тоа освои седум од последните 16 натпревари во кралската класа.

Во моментот, според непотврдени информации, клубскиот колега на Италијанецот, Хорхе Лоренцо зема шест пати повеќе без да покажува дури ни половина од формата на Довициозо.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска