На денешната лицитација во Агенцијата за управување со конфискуван имот, се продаде стан од 110 квадрати на Драган Даравелски во центарот на Скопје, јави Канал 5.
На јавното наддавање учествувале две лица, а станот бил продаден по повисоката цена која била понудена и изнесува 102 илјади евра. Ова е втор објект од конфискуваниот имот на поранешниот прв цариник, кој се продаде на лицитација.
Минатиот месец на јавно наддавање беше продаден локал во Куманово од 80 квадрати и дворно место со површина од 742 метри квадратни за цена од 78 илјади евра- објави телевизијата.