Јункер последен пат претседава со Еврогрупата

Од:

Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер денеска за последен пат ќе претседава со состанокот на министри за финансии со еврогрупата пред да стапи на функција неговиот најверојатен насленик – холандскиот министер за финансии Јерун Дајселблум.

Главна тема ќе биде прашањето на наследникот на Јункер за кој има само еден кандидат.

Се очекува на состанокот да се разговара и за формалното барање на Кипар за помош.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за Цајтунг вели дека: Се уште сме далеку од одлука за пакетот помош за Кипар.

– Пред се, потребно е да утврдиме дали проблемите во Кипар се опасност за Еврозоната. Тоа е еден од предусловите за доделување пари од европскиот спасителен фонд, додава Шојбле.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он