Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Од:

Полицијата го пронајде и приведе разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец изврши тешка кражба во аптека во скопската населба Ченто.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека со Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишниот Д.М. од Скопје.

Тој на 9 овој месец во 19:20 часот влегол во аптека на улицата „Маџари“ во Ченто и заканувајќи и се со пиштол на вработената одзел 18.900 денари.

Извршен е претрес во неговиот дом при што е пронајдена облеката која ја носел по што тој е приведен.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби