Филмски фестивал за млади Џифони Патува во Берово

Од:

На 21 и 22 април ќе се одржи филмскиот фестивал за млади Џифони Патува во Берово како патувачки дел од фестивалот Џифони Македонија во помалите градови од Македонија.

Во текот на двата дена во Бизнис центарот во Берово учениците ќе го гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“, ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности тимот на фестивалот Џифони Македонија се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Во склоп на филмската програма ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Giffoni Experience“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони“ кон младите во Берово,

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска