Еколошкото друштво „Кајмакчалан“ од село Маково, Општина Новаци, денеска организира акција за калемење диви круши – горници.
Калемењето ќе се спроведе во Мариово, во атарите на селата Маково и Рапеш.
– Мариово е непресушен извор за вакви и слични акции, а ние сакаме да го направиме извор на органска храна. Денешната акција има и едукативен карактер бидејќи членовите на нашето друштво ќе добијат стручни совети за калемење од страна на советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат од Еколошкото друштво.
ЕД „Кајмакчалан“ оваа акција ја организира традиционално, повеќе години, во соработка со АПРЗ – Битола и Општина Новаци.