Џолев: Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон

Од:

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во врска со обвинувањата на обвинетите од СЈО дека рочиштата траат предолго и после работното време рече дека новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува постапките да се забрзаат, поготово во предметите каде што има услови за тоа.

– Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон. Ништо не е прекршено од она што е предвидено во законот и во судскиот деловник, каде што стои дека почнатите расправи и рочишта во судовите се довршуваат и вршат по истекот на редовното работно време, рече Џолев на денешниот брифинг со новинарите.

Додаде дека докулку судијата процени тоа право може и да го искористи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Џолев: Не сме праќале повторно барања за симнување на имунитетот на пратеници

Сандра Бошковска

Селмани – Џолев: Подобри услови за новинарите што известуваат од судски рочишта

Наум Локоски

Џолев: Со приведувањето на пратениците законот не е прекршен

Наум Локоски