Николовски: Македонија годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството

Од:

Деновиве ќе почне надградбата на радарскиот систем во Ѓуриште кој детектира и најавува опасни временски појави, а не е во функција веќе четири години, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по посетата на УХМР.

Завршена е реконструкцијата на хидролошките станици во Крива Паланка и Штип, а периодов реновирана ќе биде и хидролошката станица во Демир Капија.

Според Николовски, инсталирана е и новата интернет мрежа со оптичка врска за побрза комуникација и размена на податоци.

– Продолжуваме со инвестиции во нови агрометеоролошки станици низ државата кои се битни за навремено информирање на земјоделците и преземање соодветни мерки за заштита на производството. За климатските промени чие влијание е се поголемо, неопходен е сет мерки и активности и инволвираност на сите засегнати страни, истакна Николовски, нагласувајќи дека Македонија годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството.

Директорот на УХМР Ивица Тодоровски, информира дека со три милиони денари ќе се поправа софтверот на радарскиот систем во Ѓуриште, инсталиран во 2005 година.

Годинава УХМР располага со буџет од 4 милиони денари и 5 милиони денари поддршка од Владата.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот рече дека се прават напори за враќање во употреба на системот за градобијна заштита, особено во Преспа, Ресен и Тиквеш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата