ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне, а владата мести тендери

Од:

„Граѓаните осиромашуваат и жувеат се потешко, економијата тоне, а владата мести тендери за богатење на сметка на буџетот.

Владата на криминален и нетранспарентен начин фаворизира компанија блиска до врвот на СДСМ. Да биде скандалот поголем покрај штимањето на тендери се менува и тендерска документација кој е веќе објавена.

СДСМ најпрво поставува услов од минимум ископани минимум 900.000 тони, кој беше единствен критериум за избор на најповолна компанија. Само една компанија го исполнува единствениот услов, а тоа е Пелистер ДОО Битола.

Местењето на тендерот стана очигледно и за неупатените, па откако се обелодени скандалот, владата решава да го покрие срамот со нов срам. Имено се менува тендерската документација за избор на најповолна компанија веднаш штом се објавува скандалот, со што се зголемува бројот на компании кои можат да аплицираат.

Очигледно се фатени инфлагранти во извршување на криминал и местење на тендери. Потврда за криминалот е и ретерирањето, односно измената на тендерската документација.

При носење на одлуки, потенцијалните странски инвеститори ги земаат предвид сите случувања, а коруптивните тендери се индикатор кој ги демотивира да инвестираат во нашата држава.

Владата на СДСМ прави крупни чекори во уназадување на државата, економијата, владеење на правото, корупцијата, енергетиката и се што е од витален интерес за Република Македонија се деградира и уништува.

Станува се поочигледно зошто СДСМ спроведува политички хајки и прогон на граѓани. Заев се надева дека со тоа ќе ги покрие матните и криминални зделки кои се прават со цел милиони евра да завршат во џебовите на фирмите блиски до функционерите на партијата.

Заради ваквите скандалозни тендери во РЕК се затвораат невини граѓани за да се дефокусира јавноста. Обвинителството наместо да прогонува граѓани кои го штитат уставот и унитарниот карактер на државата, наместо да затвора и да товари за тероризам угледни граѓани кои си ја сакаат Македонија, треба под итно да се позанимава со ваквите тендерски манипулации кои ги прави владата на СДСМ поради кои и македонската економија ја зафати економско цунами.

За ова мора да понесе одговорност, пред се Заев, Анѓушев и целата врхушка која е директно вмешана во овој скандал“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања