(ВИДЕО) Јанушев: Дали е направена промена во тендерската документација за ископ на јаглед во РЕК Битола?

Од:

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција запраша дали е направена промена во тендерската документација по откривањето на, како што кажа, мега скандалот, кој отвара сомнеж за местење на 320 милионски тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола за фирмата Пелистер ДОО Битола, која, според него, важи за блиска до врвот на СДСМ.

– Ова е оргиналниот документ од јавниот повик каде јасно се гледа дека единствен критериум за избор на економски оператор е да има ископани минимум 900.000 тони јаглен во последните три години. Ваквиот критериум го исполнува само една компанија во државата. Ова е објавено на 15 март. Овој документ е измена на тендерската документација која е направена пред три дена, токму кога ВМРО-ДПМНЕ предупреди и објави сомнеж за постоење на криминалната шема за испумпување на пари од Буџетот директно во џебовите на оваа криминална власт. Согласно овој документ тие додаваат уште еден услов, цитирам „900.000 тони јаглен или 1.000.000 м3 јаловина“ . Дали ова се прави за да се скрие скандалот дека тендерот се мести само за една компанија, рече Јанушев.

Тој праша дали на денот кога Собранието одлучуваше за прашање на доверба на пладата, зад кулисите се променети условите бидејќи биле фатени во тесно.

– Откако се фатени во флагрантно местење на 320 милионскиот тендер за сметка на Пелистер ДОО Битола, власта се впушта во промена, и во веќе објавен тендер покрај првичниот и единствен критериум, ископувачот да има ископано 900.000 тони јаглен во последните три години, услов кој го исполнува само Пелистер ДОО Битола, се внесува и алтернативен услов, за на тендерот формално правно да можат да се јават и фирми кои имаат ископано 1.000.000 м3 јаловина, услов кој може да биде исполнет од поголем број на фирми кои се занимаваат со градежни работи. Власта е фатена во милионски криминал, кој не може да го сокрие. За ваквиот начин на постапување мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ бара овој тендер веднаш да биде поништен и да се распише нов со еднакви услови за учество. Истовремено го повикуваме Јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага и да утврди кривична одговорност за сите вмешани во случајот, рече Јанушев.

Тој додаде дека граѓаните очекуваат од институциите да работат во нивен интерес, а не во интерес на власта. Како што кажа Јанушев, буџетот не смее да биде средство за полнење на џебовите.

– Оваа власт покажа како не смее и не треба да се работи. СДСМ е равентство на криминал и корупција. Оваа неспособна, безидејна и криминална влада мора да замине, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања