ВМРО-ДПМНЕ: По 10 месеци, социјалната помош не е покачена ниту денар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерката Мила Царовска.

„Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во МТСП, откако со него управува СДСМ и Мила Царовска. Од опозиција дадоа големи ветувања, од позиција на власт, ниту едно не остварија.

Мила Царовска на денешната прес конференција не кажа ниту збор до каде е социјалната помош од 12.000 денари, која ја најавуваше СДСМ дека ќе ја реализира уште во првите 6 месеци по преземањето на власта. Поминаа 10 месеци, а социјалната помош не се покачи ниту денар.

СДСМ ги излажа граѓаните.

Мила Царовска се фали со нови вработувања во детските градинки низ државата, а не спомна ниту збор за десетиците негувателки и вработени кои останаа без своите работни места по преземањето на власта од страна на СДСМ.

10 месеци СДСМ, 10 месеци катастрофални политики.

Неодговорноста стана заштитен знак на оваа влада. Поминаа скоро два месеци откако јавноста беше потресена од случаите на силување на малолетни девојчиња во домот за деца „25 Мај“, а никој не понесе политичка одговорност. Мила Царовска се сокри зад наводна истрага која заврши со пониски структури во министерството и без грам срам продолжи да го води МТСП.

10 месеци откако Царовска е на чело на МТСП, а не е реализиран ниту еден проект од корист за граѓаните. Само скандали, неработа, неодговорност и негрижа. СДСМ не знае да работи. Со СДСМ Република Македонија стагнира. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа власт мора да си замине“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ