(ВИДЕО) Јанушев: АД ЕЛЕМ ги мести условите за учество на новиот тендер за РЕК Битола

Од:

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека на повидок е нов скандал од владата предводена од СДСМ и Заев.

– Постои сомнеж дека АД ЕЛЕМ ги мести условите за учество на новиот тендер на РЕК Битола вреден 320 милиони денари. Согласно тендерската документација – економскиот оператор во последните 3 години треба да има ископано 900.000 тони јаглен, а таква фирма во Република Македонија според информациите со кои што располагаме има само една, тоа е фирмата која важи за блиска до врвот на СДСМ – Пелистер ДОО Битола. Ако тоа е така, другите компании кои се занимаваат со оваа дејност од старт се елиминирани, а со тоа однапред се знае кој ќе го добие тендерот, рече Јанушев.

Тој додаде дека пости сомнеж оти оваа тендерска постапка е однапред договорена работа и побара истата да биде поништена и да биде распишан нов оглас. На новиот оглас да има еднакви услови за учество, водејќи се од начелото на приватност и транспарентност.

-На површина излегоа причините поради кои беше укинат Советот за јавни набавки, кој беше гарант за законитоста и чувар на јавниот интерес при постапките за јавни набавки. Советот за јавни набавки беше трн во очите на власта, пречка за сите коруптивни шеми, и затоа беше укинат. Цената на неговото укинување сега ја плаќаат граѓаните, од чии пари се полнат сметките на фирми блиски до оваа криминална власт. ВМРО-ДПМНЕ вчера обелодени дека токму фирмата „Пелистер“, поради склучен договор во четири очи, е фирма која во изминатиот период вршеше ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола по цени двојно поголеми од првично предвидените, со што државата плати 1 милион евра повеќе. Имено, откако договорот беше раскинат, наместо со второ рангираната фирма, односно истата фирма „Пелистер“, која тогаш понудила 45 денари за ископ на гига џул јаглен, се прави договор со истата таа фирма во 4 очи, но за сума поголема за 1 милион евра, рече Јанушев.

Тој запраша како е можно истата фирма за истата работа на 1 тендер да има една цена, а кога се договара во 4 очи, истата таа цена да биде за 1 милион евра повеќе.

– Колкава е сумата која овој пат треба граѓаните да ја платат, и треба да заврши во нечии џебови? Граѓаните исто така се прашуваат и чекаат одговори дали е вистина дека транспортот на јагленот го врши компанија која се поврзува со семејството Заеви? Дали разликата во цените на штета на граѓаните завршува во џебовите на фамилијата Заеви? Граѓаните чекаат одговори. Граѓаните на Република Македонија мора да знаат каде завршуваат милиони евра од нивните пари, заврши Јанушев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ