Делегација на АРМ предводена од началникот Величковски во посета на ВС на Хрватска

Од:

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски од денеска до 13 април, престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, каде оствари средба со неговиот домаќин, началникот на ГШ на хрватските ВС, генерал Мирко Шундов.

Целта на посетата на воената делегација што ја предводи началникот на АРМ Величковски, е да се разгледаат можностите за подобрување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии, како и во рамките на САД-Јадранската повелба (А-5).

– На средбата на ниво на началници на генералштабови, пред се, се разговарало за можностите на зголемување на нивото на изведување заедничка воена обука преку користење на капацитеттите на двете армии. Делегацијата на АРМ во текот на денешниот ден оствари средба и во Министерството за одбрана на Република Хрватска, соопштија од ГШ на АРМ.

Генералот Величковски за време на разговорите го истакнал значењето на заокружувањето на процесот на прием во НАТО на земјите членки на А5 за севкупната безбедност во регионот. Тој посочил дека соочувањето со новите форми на безбедносни предизвици претставени преку екстремниот радикализам и сајбер напади е можно само преку градење на заеднички капацитети во одбраната на што Република Македонија останува целосно посветена.

Во рамките на тридневната посета предвидена е и посета на командата за специјалните сили на ВС на Република Хрватска во Делнице и високото воено училиште „д-р Фрањо Туџман“. Делегацијата ќе оствари средби со командантите на центрите и единиците кои ќе ги посетат припадниците од АРМ кои се наоѓаат на школување на военото училиште.

АРМ има развиено добра билатералната воена соработка со вооружените сили на Република Хрватска, така што за потребите на АРМ во хрватската висока воена школа се школуваат офицери за усовршување на високи штабни и командни должности, а во рамките на иницијативата А5 се реализираат и повеќе заеднички вежбовни активности.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски