Непроценливи животни совети: Писмо на дедо до неговите внуци

Од:

Писателот и поетот Џејмс К. Фланаган им оставил на неговите внучиња, од кои најмалото има пет, а најголемото 11 години, писмо со непроценливи совети засновани на неговото животно искуство.

Џејмс К. Фланаган од Њујорк на 3 септември 2012 година ненадејно почина од срцев удар. Неколку месеци претходно го напишал ова писмо, кое е објавено со дозвола на неговата ќерка, Рејчел Креигтон.

Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Катарина,

Мојата мудра и промислена ќерка Рејчел бараше од мене да запишам некои своети за вас, важни работи кои сум ги научил во животот. Го почнувам ова писмо на 8 април 2012 година, на мојот 72-ри роденден.

1. Секој од вас е преубав подарок од Господ на вашето семејство и на целиот свет. Да се сеќавате секогаш на тоа, особено кога студените ветрови на сомневањето и обесхрабрувањата влезат во вашиот живот.

2. Не плашете се од ништо и од никого кога треба да го живеете вашиот живот во целост. Следете ги вашите надежи и соништа без оглед  колку се тешки или „поинакви“ од другите. Мошне често луѓето не го прават тоа што го сакаат или што би требало, затоа што замислуваат што другите би можеле да мислат или речат. Запомнете, ако не ви донесат пилешка супа кога сте болни или не се покрај вас кога сте во некоја непријатна ситуација, не се важни.

3. Секој во светот е само обична личност. Некои луѓе носат скапи шапки или имаат големи титули или (привремено) имаат моќ и сакаат да мислите дека се над другите. Не им верувајте. Тие имаат исти сомнежи, стравови и надежи; јадат, пијат, спијат и испуштаат гасови како и секој друг. Доведете го нивниот авторитет во прашање но секогаш бидете паметни и внимателни како тоа го правите.

4. Работете според старата ирска поговорка: Фалете ги децата и тие ќе цветаат.

5. Бидете добри и и помагајте им на луѓето – особено на послабите, уплашените и децата. Сите носат посебна тага и потребно им е вашето сочувство.

6. Немојте да се приклучувате кон војската или на која било организација која вас ве тренира да убивате. Војната е лоша. Сите војни ја започнале старите луѓе кои ги принудиле или измамиле младите мажи да мрзат и се убиваат едни со други. Старите премногу и како што ја започнале војната со пенкало и хартија, ја завршуваат на ист начин.

7. Читајте книги колку што можете. Тие се преубав извор на уживање, мудрост и инспирација.

8. Бидете искрени.

9. Патувајте: секогаш, но особено кога сте млади. Не чекајте додека да имате доволно пари или додека се не дојде на свое место. Тоа никогаш не се случува.

10. Изберете работа или професија затоа што тоа го сакате да го работите. Секако, ќе има и тешки ситуации во врска со саканата работа, но работата мода да биде и уживање.

11. Не викајте. Тоа никогаш не успева и ве повредува и вас и другите. Секогаш кога  викав, претрпував само неуспех.

12. Секогаш исполнете ги ветувањата кои сте им ги дале на децата. Немојте да зборувате „ќе видиме“, ако мислите „не“. Децата ја очекуваат вистината, дајте им ја со љубов и добрина.

13. Никогаш никому не му кажувајте дека го сакате ако не е така.

14. Живејте во хармонијата со природата: шетајте надвор, во шума, планина, море, пустина. Тоа е важно за вашата душа.

15. Прегрнете ги луѓето кои ги сакате. Кажете им колку ви значат сега, не чекајте да биде предоцна.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање