Чаплиновата награда за Барбара Стрејсенд

Од:

Познатата американска актерка, режисерка и пејачка Барбара Стрејсенд ја доби Чаплиновата награда на Филмската заедница на центарот „Линколн“.

Признанието и е доделено за се што постигнала како режисер, писател, продуцент и филмска ѕвезда, а ќе и биде врачено на 40-тата гала-свеченост за Чаплиновата награда, што ќе се одржи на 22 април во Њујорк.

Барбара Стрејсенд е родена во Бруклин, во 1942 година, а кариерата ја почнала во 1960-тите на Бродвеј. Двапати добила Оскар – за улоги во филмовите „Смешна девојка“ во 1968 и „Ѕвездата е родена“ во 1976.

Публиката ја памети и по улогите во: комедијата „Зошто татко ти те пушта сама“ на Питер Богданович, „Девојката што ја сакав“, филмот „Џентл“ кој и го режираше.

Добила и пет награди „Еми“, осум пати „Златен глобус“, три пати наградата „Пиплс чојс“ (People’s Choice Award)…

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање