А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Конференција за НАТО по повод денот на Алијансата

by А1он04/04/2018 - 08:2393
Share0

По повод денот на НАТО, 4-ти април, денеска во Воениот музеј во Скопје ќе биде одржана трибина насловена „НАТО и ти“ во организација на Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија), НАТО – Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада во Скопје.

Добивај вести на вибер

На трибината ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Воведни обраќања на трибината ќе имаат националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, претседателот на АТА Македонија и советник за НАТО на премиерот, Исмет Рамадани, како и претседателот на светската АТА организација, Фабрицио Лучиоли.

По трибината во Воениот музеј ќе биде отворена и изложба „Република Македонија на патот кон НАТО“, која ќе биде отворена за јавноста и ќе трае неколку дена. Во изложбената поставка ќе бидат претставени факсимили од клучни документи, фотографии, знамиња, воени знамиња на единици на АРМ кои учествувале во Мировни мисии на НАТО, карти, воени униформи, воени одликувања, плакети, публикации, видео и аудио материјали и други содржини.

Музејската изложба се организира и по повод 25-годишнината од донесувањето на Одлуката на Собранието на Република Македонија за членство на Република Македонија во НАТО.

nato

Би можело да ве интересира

Руските медиуми и каналите на Телеграм пишуваат дека Русите заробиле офицери на НАТО

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 09:54

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Горан Наумовски26/07/2025 - 16:38

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски26/07/2025 - 16:0726/07/2025 - 16:11

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Горан Наумовски18/07/2025 - 14:39

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски17/07/2025 - 13:4017/07/2025 - 14:22

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа

Горан Наумовски17/07/2025 - 10:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен