Кошаркарите на Виланова ја освоија титулата во НЦАА шампионатот, откако во финалето го победија Мичиген со 79:62.
Пред 30 илјади гледачи во Сан Антонио, Виланова Вајлдкетс по трет пат во историјата, а втор пат во последните три години стигнува до трофејот во колеџ лигата на САД.
Финалето го одбележа Донте Дивинчено кој постигна 31 поен што е нов рекорд на играч од клупата за резерви.