Во Дебар денеска се одржа манифестацијата „Априлијада 2018“, посветена на 1 април-Денот на шегата.
Традиционалнониз улиците на градот продефилираа – царици, невести, пеперутки, Супермени, лекари, вештерки, Индијанци…или околу 200 деца од детската градинка „Брешија“, и на крајот застанаа во центарот на градот, каде беа собрани многу дебрани.
– За првпат почнавме во 1995 година и таа сега е традиционална. Децата многу и се радуваат на манифестацијата, а родителите помагаат околу набавка на облеката, за што им сме многу благодарни, изјави Ајрие Дачи, директорка на градинката „Брешија“.
Априлијада беше одржана и во Ростуше, каде освен најмладите учествуваа и деца од основно образование.
Априлијата и дефилето на матурантите и во Дебар и во Ростуше се два главни настани поради кои нивните граѓани масовно излегуваат за да ги видат маскираните дечиња и свечено облечените матуранти.