Свеченост за Денот на 1.Механизирана пешадиска бригада

Од:

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе биде одбележан Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

Најавени се свечено дефиле на припадници на единицата и обраќања на командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ќе бидат прогласени најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки и унапредувања на нејзини припадници.

Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Зоран Милески, генерали на АРМ, претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, команданти на команди и единици на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други гости.

– Оваа најголема единица во АРМ во чии редови се наоѓаат припадници од повеќе родови е препознатлива по досегашните стекнатото борбено искуство и учество во мировните мисии, голем број вежбовни активности и високи резултати од НАТО оценувањата особено на средната баталјонска група, справувањето со предизвиците од миграциската криза, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица ја пружат на граѓаните на Република Македонија секогаш кога за тоа се укажала потреба, сооопшти Министерството за одбрана.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација