Вардар за учество на фајнлфорот во Келн и одбрана на европската титула ќе мора да го совлада германски Кил, кој денеска по двомечот со ПИК Сегед обезбеди пласман во четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите.
Германскиот тим поради подобрата гол разлика оди понатаму иако беше поразен на гостувањето кај ПИК Сегед со 27:28. Кил првата средба од осминафиналето одиграна во Германија ја доби со седум гола разлика (29:22).
Од осминафиналните натпревари вечерва се игра уште реваншот меѓу Рајн Некар Левен и Киелце, а полскиот тим е сигурен противник на ПСЖ во четвртфиналето, бидејќи првиот меч го доби со 24 гола разлика. Останатите двојки се: Фленсбург – Монпеље и Нант – Скјерн.