Изминатата недела регистрирани 693 заболени од грип

Од:

Во текот на изминатата недела (од 19 март до 25 март), во Република Македонија се регистрирани 693 заболени од грип, што е намалување за 47 отсто во споредба со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.304 заболени од грип.

Во однос на 12-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени е зголемен за 10 пати. Регистрираната инциденца oваа недела е под неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип.

Изминатата недела најголем број заболени – 466 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 45,6 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Најголем број заболени лица – 131 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, а највисока инциденца 292,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Свети Николе.

Во сезоната 2017/2018 се пријавени 23.097 случаи на грип. Регистрираниот број случаи е помал за 34 отсто споредено со истиот период од минатата сезона (34.725).

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во државата, со доминација на B вирусите.

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он