ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев е вицепремиер за економски прашања, а не директор на Театар Комедија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавите на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Кочо Анѓушев дека е вицепремиер за економски прашања, а не директор на Театар Комедија.

Toa што Кочо Анѓушев се обидува со вицови да ја засмее јавноста не им помага на граѓаните да живеат подобро. Во Македонија се живее се полошо, стандардот тоне, а државата го допре дното на ранг листите за корупција.

Прво ветуваа дека Република Македонија ќе има економски раст од 5 % за сега да изјавуваат дека тоа е практично невозможно.

ВМРО-ДПМНЕ го советува Анѓушев прво да се договори со самиот себе па потоа да дава изјави во јавноста што е остварливо а што не е.

Додека Анѓушев раскажува приказни за мали деца по форуми и конференции Република Македонија тоне во корупција.

Откако е дојден СДСМ на власт Република Македонија падна на 107 место и убедливо се наоѓаме на последното место во Европа.

Дополнително растот на БДП е од 0 % што не прави единствената држава во Европа со ваков раст.

Економијата стагнира, нема нови инвестиции а планот на Владата за економски раст никако да профункционира.

Наместо вицепремиерот да дава вакви смешни изјави го советуваме да се зафати со работа, да зборува за реални и остварливи проекти и да престане да ја засмејува јавноста.

На македонското стопанство му се случува економско цунами предводено од тројката Заев, Тевдовски и Анѓушев со кој граѓаните осиромашуваат се повеќе.

Потребни се промени кои ќе донесат подобар животен стандард и поголеми плати. Ако не знаат како треба тоа да го постигнат, а јавноста гледа дека не знаат како тоа да го направат тогаш најпаметно ќе биде да си заминат и на нивно место да дојдат поспособни луѓе кои знаат како да ги исполнат сите овие работи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ