(ВИДЕО) Јанушев: Заев како инфраструктурни проекти ги презентираше тие на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата не претставила ништо ново во инфраструктурата, туку сите презентирани проекти се на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа само потврдува дека буквално немаат идеја како да работат, немаат свои сопствени проекти и не знаат во која насока да ја тераат оваа држава и дека нема буквално ни едно „Р“ од реформите. Сите овие проекти буквално уште еднаш ќе напоменам дека се започнати од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш ќе повторам дека 10 месеци се на власт и буквално ништо немаат сработено. Експресниот пат Градско – Прилеп е започна со градба во 2016 година. Делницата Градско- Дреново која исто така ја распиша оваа влада е само дел од една фаза за која комплетно се обезбедени пари од страната на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот за изградба на експресниот пат Штип- Радовиш е попишан во декември 2016 година , исто така средства се обезбедени од страна на ВМРО-ДПМНЕ односно од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.

За патот Чатал – Крива Паланка, истакна тој дека е е дел од Ранковце- Крива Паланка, а средства биле обезбедени уште во 2015 година.

– Сите овие проекти се започнати од ВМРО-ДПМНЕ. За да биде небулозата поголема автопатот, Демир Капија – Смоквица е пат кој е завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а владата на СДСМ го одолговлекуваше неговото пуштање во употреба. Исто така автопатот Миладиновци – Штип е започнат и веќе е во напредна фаза на реализација., во времето кога со владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ, а чија изградба беше стопирана неоправдано од владата повеќе од 10 месеци, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ