Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во тек е средба со производителите на пролетна зелка.
Како што велат од МЗШВ, се разговара за откупот и цената на зелката.
Производителите вчера излегоа на предупредувачки протест во Муртино, Струмичко, по што Министерството оцени и дека се разбирливи стравувањата кај земјоделците од драстично намалување на цената на пролетната зелка, имајќи го предвид искуството од пред неколку години. Воедно најави дека на денешната средба ќе ја потврди владината заложба за сигурно производство и откуп.