Спировски: Претседателот е должен да го потпише законот, без тоа не може да биде прогласен

Од:

Во Уставот постои безусловна еднозначна одредба која го задолжува претседателот на Републиката во ситуации кога законот по втор пат е донесен со апсолутно мнозинство, со над 61 глас, дека е должен да го потпише указот за негово прогласување. Таа одредба не поставува никакви основи, услови претседателот да ги проценува. Напросто, тој е должен тоа да го направи, изјави денеска поранешниот судија на Уставниот суд Игор Спировски.

Законот, како што рече, е донесен бидејќи е донесен од Собранието, а она што недостига е неговото прогласување и објавување во „Службен весник“, а дел од таа одговорност според Уставот ја има и претседателот на државата кој не сака да ја спроведе.

– Мислам дека никој не може да го замени потписот на претседателот на Републиката на указот, рече Спировски и додаде дека во праксата на Уставниот суд своевремено имаше еден таков случај.

Тоа значи, посочи Спировски, дека без неговиот потпис законот не може да се објави и да влезе во сила иако е донесен.

– Деновиве гледам една идеја, покрај овие идеи дека треба импичмент за претседателот итн, што неспорно е дека е негова одговорност за неспроведување на негова уставна должност. Меѓутоа, сега гледам дека и алтернативи доаѓаат, на пример да се поднесе иницијатива до Уставниот суд или предлог за решавање на судија на надлежност. Мислам дека таа идеја не е добра и е лоша затоа што прави замена на тези, би му дал право на Уставниот суд да се впушта евентуално во расправа за тоа дали претседателот на државата навистина има добри разлози да не го потпишува указот иако според Уставот е должен. Ние немаме во случајов судир на надлежност, Собранието како надлежно го донела законот, претседателот на државата е надлежен за промулгација, тој тоа не го прави. Според тоа, не постои судир, туку има прашање зошто претседателот на државата не го потпишува указот, вели Спировски.

Тоа што претседателот кажува дека има свои лични причини, вели Спировски, од гледиште на Уставот е нерелевантно.

– Ние можеме да се согласуваме дека е тоа така, да се согласиме сите со претседателот дека е тоа така како што тој мисли, ама тој истиот е должен да го потпише указот, истакнува Спировски.

На прашање што ќе се случи ако претседателот не го потпише указот, Спировски одговара дека правно остануваат опциите за импичмент, независно од тоа дали има или нема мнозинство за тоа во Собранието.

– Беа спомнати и некои други процедури што јас нема да ги коментирам, но во секој случај имаме проблем – криза на спроведување на Уставот поради непостапувањето на претседателот на државата, изјави поранешниот судија на Уставниот суд на РМ Игор Спировски пред одржувањето на денешната завршна конференција во Скопје на тема „Каков Судски совет му е потребен на македонското општество?“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Двојазични табли со новото име на државата Владата ќе постави по изборите

Ана Ололовска

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Јас лично ќе ги заштитам дечињата на пратениците

Ана Ололовска

Ахмети-Гарет: Да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името

Ана Ололовска

Ќулавкова: Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава

Ана Ололовска