Жители на стотици градови во светот се „задушуваат“ од воздухот кој од година во година е се позагаден. На европско ниво неславната титула – најзагаден град му припаѓа на Сараево, открива мапа објавена од Гардијан.
На мапата јасно се гледа дека Сараево е единствена „црвена точка“ на континентот. Тоа значи дека има годишна концентрација на неповолни честички (РМ10) поголема од 372 микрограми на кубен метар.
Иако поголем дел од Европа може да се пофали со чист или малку загаден воздух, на мапата е забележано дека на исток на континентот има „загадени“ градови.
Виолетови точки што означуваат концентрација РМ10 поголема од 100 мерни единици загаденост од поголемите градови имаат Скопје и Тетово во Македонија, додека во градови со концентрација над 75 единици спаѓаат Софија, Пловдив, Битола, Солун, Велес, Темишвар, Краков, јави Танјуг.
СЗО предупредува дека изложувањето на ситни честички во воздухот зголемува ризик од бројни хронични и акутни респираторни проблеми кај деца и возрасни, објави Гардијан.