(ВИДЕО) Алаѓозовски: Бифето на Министерството за култура не е кафеана

Од:

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој вчера на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека не е вистина оти потрошил 9.000 евра по кафеани, и непрецизно била пренесена сметката од бифето на министерството, денеска за новинарите изјави дека, веста од алатката е недоследно пренесена и дека тоа не се негови лични трошоци. Тој тврди дека оваа сума е речиси три пати помала од сумата што за истиот период ја потрошило претходното раководство во министерството. Вели дека вкупните трошоци се фактурирани на негово име, додека личните трошоци како министер не му се поголеми од 6000 денари месечно.

„Грешката ја направиле во пласирање на отчетната информација од алатката, бидејќи не се одвоени трошоците и не е расчеленето кои трошоци се лични на министерот а кои се трошоци потрошени во бифето за вода и кафе, за сите кои не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Во иднина уште повеќе ќе ја рационализираме потрошувачката“, изјави Алаѓозовски.

Што се однесува на трошоците направени за патувања во странство, Алаѓозовски одговори дека тој реализирал неколку значајни патувања во интерес на меѓународната презентација на македонската култура.

„Патував во Кина, Торонто, Базел остварив неколку билатерални и мултилатерални средби. Сметам дека е од големо значење нашата култура да излезе вон границите и сите средби беа значајни за афирмација на нашата култура во светот“, рече Алаѓозовски.

Во алатката што ја објави Владата, трошоците на јавните функционери во однос на угостителските услуги, се пресметуваат на повеќе основи – преку надворешни угостителски објекти, понатаму угостителските објекти во странство, а посебно се пресметуваат и угостителските услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите. Кај Алаѓозовски најголеми се трошоците во однос на услугите во мензите, рестораните и бифеата, каде потрошил 421,554 денари од вкупно 547,970 денари по сите три основи.

А.В

Би можело да ве интересира

Алаѓозовски и Поповски назначени на нови функции во Владата

Жарко Настоски

Алаѓозовски: Шпекулации се информациите дека се отстранува Воинот на коњ

Наум Локоски

(ВИДЕО) Алаѓозовски: Министерството ќе се реформира, а улогата на културниот систем ќе се враќа во нормала

Наум Локоски

Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност

Наум Локоски

Алаѓозовски во Давос: Македонија го поддржува концептот на култура на изградба

Наум Локоски

Република Македонија и НР Кина потпишаа Извршна програма за културна соработка за периодот 2018-2023 година

Наум Локоски