ВИДЕО: Хуманитарна трка за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром

Од:

Стотина насмевки го исполнија Градски парк во Скопје за време на Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром.

Мечувалечки клуб Ескрим ја организира оваа трка веќе 3 години со желба дека од година во година поддршката се повеќе да се зголемува.

Децата трчаа со сите и баш како што порача организаторот на трката, Билјана Кузмановска, „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“.

Децата порачаа дека поддршката која ја добија денес е незаборавна и дека очекуваат следната година трката уште да порасне затоа што настаните од ваков карактер им се многу значајни за тоа како се чувствуваат и како со самодоверба ќе се водат во иднина.

Благодарение на поддршката од лицата и компаниите кои се вклучија во трката беа собрани доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.

Целта на оваа трка беше да им се даде поддршка на децата со Даунов синдром и да се поттикнат спортските клубови и центри да ги вклучат во своите активности затоа што им дозволуваат физички и општествен напредок.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

Атлетите со Даунов синдром успешно се претставија на турнир во Белград