Центар за даунов синдром: Да се формираат групи за сервиси за поддршка на овие лица

Од:

Да се формираат групи кои ќе понудат и медицински и психолошки сервиси за поддршка на лицата со даунов синдром, бараат од Центарот за даунов синдром.

– Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром, рече претседателот и основач на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон на прес-конференција по повод 21 Март, Светскиот ден на даунов синдром.

Осврнувајќи се на презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“, таа посочи дека попладне во Кинотеката на Македонија во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе има и балетски перформанс на кој ќе настапат деца со даунов синдром кои работеле со своите балетски педагози.

Патронот на лицата со Даунов синдром, актерката Искра Ветерова рече дека лицата со даунов синдром се родени глумци, бидејќи тие не знаат да лажат на сцена и секогаш имаат неверојатна спонтаност и емоција.

– Овие деца можат се што можеме ние. Тие не се со посебни потреби, тие се едноставно поинакви. Но, кога ги запознаваме веќе не го забележуваме тоа. Тоа истото би се случувало кога тие би биле вклучени во основното, средното и високото образование. Тие можат да постигнат се. Системот мора да им ги отвори вратите за да можат тоа да го постигнат, додаде Ветерова и упати апел да се отворат школи во кои ќе има логопед, односно некој кој ќе работи со овие деца кога има потреба.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

Атлетите со Даунов синдром успешно се претставија на турнир во Белград