Шест месеци затвор за инспекторот што крадел злато на увид

Од:

Инспекторот што крадел злато од куќа додека траел увид е осуден на 6 месеци затвор. Основниот суд Скопје 1 ја објави пресудата, откако тој ја признал вината. Според судот, инспектор И.Ж е осуден на казна затвор во траење од 6 месеци, а согласно член 114 ст. 2 од ЗКП, се задолжува да го надомести имотно правното побарување на оштетената.

Кражбата била извршена на 28 октомври минатата година во Скопје. Случајот го обелодени полицијата на 4 ноември, кога беше поднесена кривична пријава против него.

Ж.И. е вработен како главен инспектор во Секторот за внатрешни работи Скопје. Тој искористувајќи ја својата службена позиција во тек на увид во случај на тешка кражба во куќа, одзел златен накит. Полицијата против него покрена дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби