Светски ден на Дауновиот синдром

Од:

Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. Организаторите информираат дека во рамки на одбележувањето ќе има и балетски перформанс.

– Изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа дека има многу луѓе со Даунов синдром во нашето општество, што се соочуваат со секојдневни предизвици. Тие заслужуваат да живеат живот без дискриминација врз основа на попреченоста, велат тие.

Додаваат и дека годинава глобалната кампања се фокусира на: #WhatIBringToMyCommunity со надеж дека овие настани ќе можат да објаснат како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.

Проектот „И јас можам да бидам балерина“ е имплементиран со помош на Европската Унија и UNICEF преку регионалниот проект финансиран од страна на Европската Унија, и кофинансиран од UNICEF „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

Атлетите со Даунов синдром успешно се претставија на турнир во Белград