Во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, денеска ќе се одржи конференција посветена на жените од руралните средини во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Целта на конференцијата, според организаторите, е информирање на јавноста и граѓаните за наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на жените од руралните средини во областите од социјалната заштита, образованието, здравствената заштита, вработувањето…
Воведно обраќање на конференцијата ќе има Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, како и жена која доаѓа од рурална средина.