Почна изградбата на канализациона мрежа за градската капела во Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека поради немање на одвод, односно соодветен приклучок на канализација овој објект не беше пуштен во употреба, а кој треба да го има секоја општина согласно законските прописи. Во тек се и други градежни активности на гробиштата.
– Експроприрани се парцели за проширување на гробиштата во вредност од 700.000 денари, а за да биде појасно на денот на примопредавањето на власта, наследивме само шест останати гробни места, вели Атанасов.
Тој додаде дека тампонирана е главната патека на Градските гробишта, а екипите се подготвуваат и за поплочување со бекатон плочки. Вкупната инвестиција за гробиштата и капелата во Пробиштип изнесува околу еден милион денари, а ги реализираат екипите на ЈП „Никола Карев“-Пробиштип.