Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром на 25-ти март

Од:

Минатата година стотици луѓе ја дадоа својата поддршка за децата со Даунов Синдром. Оваа година традицијата продолжува по трет пат со тоа што хуманитарната трка за децата со Даунов синдром ќе се одржи во недела, 25ти март 2018, со почеток во 11.00 часот во Градски парк во Скопје.

Трката е организирана од Мечувалечки клуб Ескрим под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“. Со овој настан организаторот сака да ја подигне свеста за Даунов синдром поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата да се вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за сите деца. За нив спортувањето е од големо значење затоа што преку спортот ја развиваат моториката, координацијата, одржување на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и децата стекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот.

Трката ќе започне од Школка во Градски парк и секој кој е заинтересиран да го охрабри и поттикне успехот на децата со Даунов синдром може да се пријави на трката на https://www.smartrace.club/ или да ја посети и поддржи истата со своето присуство.

Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.

Организаторите ги повикуваат сите на оваа трка и ветуваат многу љубов и забава.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

Атлетите со Даунов синдром успешно се претставија на турнир во Белград