Грција утре повторно на избори

Од:

Грците утре, по втор пат за два месеци, ќе излезат на избори, кои би можеле да одредат дали Атина ќе ги спроведе мерките за штедење или ќе доживее економски колапс.

Околу 9.8 милиони граѓани со право на глас, ќе треба да изберат меѓу партиите кои се залагаат за планот на штедење, побаран од кредиторите во замена за помош или радикално левичарските партии кои сакаат да го отфрлат овој план.

Ципрас, лидерот на левичарската Сириза, вети дека ќе го отфрли планот на меѓународните кредитори, доколку неговата партија победи на овие избори.

„Планот за помош е минато, а во понеделник засекогаш ќе и припадне на историјата“, изјави Ципрас на крајот на предизборната кампања, пренесува Ројтерс.

Ципрас го повика грчкиот народ на „патриотско и демократско единство“. Тој ја критикуваше Нова демократија и ПАСОК, велејќи дека во недела, народот во Грција позади себе ќе остави две партии на кои лагата им станала заштитен знак.

Според последните анкети, Сириза и Нова демократија се изедначени но, најверојатно ниту една партија нема да го има потребното мнозинство.

Грција има резерви само до јули и полека останува без пари.

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната