Развој на социјалното претприемништво преку градење капацитети и менторирање, креирање политики, вмрежување и пилотирање на конкретни мерки има за цел проектот „Отвораме можности“, што денеска ќе го претстават Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. и хрватското Здружение за креативен развој СЛАП.
Проектот предвидува и регрантирање за невладините организации за формирање социјални претпријатија со цел инклузија на лицата од маргинализираните заедници на пазарот на трудот, со особен акцент на Ромките.
Во рамки на проекетот ќе се работи и на креирање локални политики за отворање социјални бизниси преку изготвување локална стратегија и акциски план за Град Скопје. Проектот е финансиран од Европската Унија.