„Матка“ подготвена за јубилејното 50. издание на ИКАС

Од:

Во спортско рекреативниот центар Матка, на 7 и 8 април ќе се одржи јубилејниот 50. Илинденски кајак слалом – ИКАС. Седум дена претходно ќе почне 10-дневен камп за талентирани млади кајакари. Заедно со слалом натпреварот ќе се одржи првото коло од Европскиот куп во Спуст ( дисциплина спринт).

И оваа година манифестацијата ќе биде помогната од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

– Да бидеме домаќини на ИКАС претставува голема чест, но и голема одговорност. Со поддршката на 50. ИКАС Агенцијата за млади и спорт ја потврдува својата заложба за промоција на Матка како една од најдобрите места за овој спорт во Југоисточна Европа. ИКАС е синоним за квалитет и македонски бренд во светскиот кајак. Европската кајака федерација го препозна тоа и донесе одлука заедно со слаломот оваа година да се одржи и првото коло од Европскиот куп во спуст. Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од АМСМ, па така и за ова ЕП одлучивме да излеземе во пресрет, рече Дарко Каевски директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Организаторите најавија рекорден број учесници.

– Засега се пријавени кајакари од 14 земји, но рокот за пријавување се уште е отворен а се очекува да се прошири списокот на пријавени. Очекувам да стигнеме до бројка од 18 држави. Патеката на Матка е подготвена и ги очекуваме учесниците, посочи Атанас Николовски технички организатор на ИКАС.

Би можело да ве интересира

Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Ана Ололовска

Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија

Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

Скопје од утре домаќин на Европското првенство во кајак спуст

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска