„Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008. Овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во Република Македонија.
Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија“, напиша на својот Фејсбук профил, професорката и академик Катица Ќулавкова.