„Исцелител“ на најголемиот фестивал во Прага, „Фебиофест“

Од:

Филмот „Исцелител“ ќе биде прикажан на 25-тиот меѓународен филмски фестивал во Прага, „Фебиофест“. „Фебиофест“ е најголемиот филмски фестивал во Чешка и втор по значење во земјата по фестивалот во Карлови Вари. „Исцелител“ ќе се прикажува во програмата „балканско ехо“ на 18-ти, 19-ти и 20-ти март.

„Фебиофест“ е основан во 1993 година. Започнал да се одржува во Прага во две мали кино сали, а за помалку од 10 години прераснал во фестивал со повеќе од 140 000 гледачи и бројни проекции кои се одржуваат во 43 кино сали. По завршување на фестивалот во Прага, дел од филмовите во склоп на фестивалот се прикажуваат и во други градови. Фестивалот нуди широк спектар на современи, високо квалитетни филмови, но и ретроспективи на стари филмови.

Во изминатите 20 години гости на „Фебиофес“ биле Нани Морети, Гаспар Ное, Том Тиквер, Клод Ла Луш и други.

Оваа година на фестивалот ќе се прикажат повеќе од 160 долгометражни филмови во 15 категории. Во програмата „Балканско ехо“ заедно со „Исцелител“ се прикажуваат и други 9 филма меѓу кои е и „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска.

„Исцелител“ во првата половина на месец март имаше прикажувања и на „Косморама“ во Норвешка, „Бергамо филм митинг“ во Италија и „Софија филм фест“ во Бугарија.

Би можело да ве интересира

„Исцелител“ не влезе во трка за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

Наум Локоски

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески – македонски кандидат за Оскар

Ана Ололовска

„Тајната состојка“ на „Исцелителот“ откриена во Атина

Наум Локоски

„Исцелител“ ќе се натпреварува на филмскиот фестивал „Let’s CEE“ во Виена

Наум Локоски

„Исцелител“ во официјална конкуренција на филмскиот фестивал во Кливленд

Наум Локоски

„Исцелител“ се закити со награди во Обањ и во Рим

Наум Локоски