По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза од 1 час на 32 седница на чиј дневен ред е спортниот закон за употреба на јазиците.
Досега на седницата беа донесени измени во Законот за минерални суровини и законот за земјоделско земјиште. По паузата од еден час на дневен ред е третото читање на оспоруваниот предлог закон за употреба на јазиците.
Останува непознато дали пратениците ќе расправаат по 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ или пак законот ќе биде донесен без нивно разгледување.
Виктор Јованов