ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ повторно манипулира со граѓаните и се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Процесот на пренесување на надлежностите за располагање со градежно земјиште од централно на локално ниво започна во 2011 година, со донесување на нов Закон за градежно земјиште, на предлог на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го изработи и софтверското решение за располагање со градежно земјиште, со што се предвиде и дека со истото ќе го управува ЗЕЛС.

Имено софтверското решение со кое СДСМ се фали е изработено и имплементирано уште во 2016 година, за што во 2015 година од страна на Министерството за транспорт и врски е спроведена јавна набавка за изработка на софтверско решение.

Со уредба донесена од Владата на Република Македонија во октомври 2016 година, на предлог на тогашниот министер за транспорт и врски, предвидено е дека со информацискиот систем за градежно земјиште управува, го одржува и надоградува Заедницата на единици на локална самоуправа на Република Македонија согласно прописите за електронско управување и прописите за податоци во електронски облик и електронски потпис и Законот за градежно земјиште.

Склучувањето на договорот помеѓу Сугарески и Шилегов е примопредавање на проект кој е во целост реализиран од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ